Украинците загубија 300 војници за еден ден во областа Курск

Во последните 24 часа руската армија ликвидирала до 300 украински војници и 31 единица опрема, вклучително и три тенкови, во пограничните области на областа Курск, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според извештаите, руските сили ги одбиле нападите на три украински бригади во областа Курск во близина на градовите Корењево, Руско и Черкаско Поречно.

Како што се наведува, во тек е потрагата и ликвидацијата на спротивставените групи во шумите кои се обиделе да навлезат длабоко на руска територија во правец на Алексејевски и Каучук.

„Авијацијата изврши напади врз позициите на украинските резервни сили, како и врз складиштата за муниција и гориво во регионот Суми во Украина“, се вели во соопштението.

На тој простор е уништен и системот за лансирање ПРО „ирис-т“.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial