МЕТ-СУВЕРЕНИСТИ: Македонија е во сценарио на дестабилизација!
Политичката партија Македонска Ера Трета-СУВЕРЕНИСТИ, остро реагира на вчерашните шокирачки настани во повеќе Македонски градови за време на прославата на денот на Албанското знаме.
Најостро го осудуваме вчерашното добро испланирано сквернавење на Македонските симболи и варварското дивеење од страна на Албанските иредентистички елементи во неколку Македонски градови.
Бараме итна обемна истрага и апсење на сторителите и оние кои стојат зад нив како планери на ова страмно сценарио за дестабилизирање на Република Македонија.
Зачудени сме и загрижени од пропустот на органите за безбедност кои не превземаа никакви навремени мерки за спречување на инцидентите, имајќи го предвид фактот дека самите тие веќе неколку месеци говорат дека имаат сознанија за вакви сценарија.
Сметаме дека ова не се изолирани инциденти и дека сето ова е дел на едно поголемо сценарио за вовед во планска дестабилизација на Република Македонија. Недостатокот од соодветни навремени одговори од МВР и разузнавачките служби, не стваат во размисла дека некој во државата или не е способен или не смее во од да ги сосекува ваквите опасни активности кои можат до доведат до меѓуетнички конфликт од сериозни размери. Јавно го повикуваме премиерот Мицкоски, да ја извести Македонската јавност за вистинската безбедносна слика во државата и да го смени министерот на МВР поради неговата неспособност да се грижи за безбедноста и поредокот. Потсетуваме на инцидентите во изминатите месеци, почнувајќи од случувањата во скопскиот аеродром, провокациите за време на прославата на Илинден пред Македонското собрание, апсењето на луѓето од одборот за возобновување на црквата во тетовско, скандалот на Гаши на Македонската граница, порастот на убиства по скопските улици и многу други сериозни нарушувања на мирот.
Толеранцијата на Мицкоски кон неговите коалициони партнери од ВЛЕН ја чини Македонија многу скапо.
Исто така му порачуваме на албанскиот политички фактор, да престане да се однесува како да е дел од паралелна држава и да расчисти со своите проекции за Илириди и големи Алабании. Во спротивно, ќе се соочи со отпорот на Македонскиот народ многу посериозно од 2001та, имајќи го во предвид фактот дека сегашните геополитички прилики не се ни од далеку како пред 23 години и најмалку се во прилог на таква иредсентистичка албанска наратива, се вели во соопштението од политичката партија, Македонска Ера Трета-СУВЕРЕНИСТИ.