МЕТ-СУВЕРЕНИСТИ Го повикува Тошковски итно да ја повлече полицијата од селото Ореовец

Политичката партија Македонска Ера Трета-Суверенисти, бара министерот Тошковски итно да ја повлече полицијата од селото Ореовец и да престане да се игра со трппението на прилепчани кои со право го блокираат патот што води кон Ореовец и селото Крстец, поради опасност од еколошка катастрофа.

 

Тошковски и Мицкоски, итно да престанат со провокациите и заканите кон учесниците на блокадите.

Големо е лицемерието на ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер-Христијан Мицкоски, кои спорниот договор со Бехтел и Енка го користеа како адут во предизборието за собирање поени, за сега откако ја приграбија власта да се трансформираат во рекаетари на истата компанија и да се конфронтираат со сопствениот народ кој си ги штити родните огништа од еколошка катастрофа со катастрофални и долгорочни последици не само по Прилепскиот регион туку и цела Пелагонија и пошироко.

Упатуваме целосна поддршка на жителите на Ореовец и останатите Прилепчани и воедно ги повикуваме сите Македонци да им се придружат на барикадите до целосно поништување на договорот со Бехтел и Енка, се вели во соопштението на политичката партија Македонска Ера Трета-Суверенисти

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial