Ирански генерал: „Израел ќе добие силен и дефинитивен одговор“
Генералот на иранската армија Сиед Абдолрахим Мусави најави можност за одмазднички одговор на Иран на убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија.
Мусави рече дека Израел наскоро може да очекува „силен и дефинитивен одговор“ на нападот врз Ханија, кој беше убиен на 31 јули во напад врз неговата резиденција во Техеран.Мусави изрази уверување дека ционистичкиот режим „ќе ја сфати брзината на сопствениот пад“ и дека ќе се соочи со последиците од своите постапки. Тој нагласи дека Хамас и палестинските борци немаат намера да се повлечат и дека ќе ја продолжат борбата против Израел .
„Ционистичкиот режим наскоро ќе добие силен и дефинитивен одговор . Нема сомнеж во тоа. Криминалната банда која не се придржува до ниту еден закон и непромислено прави такви апсурдни дејствија кои се спротивни на сите закони, верувања и обичаи, ја сфати брзината на сопствениот пад и сака да се спаси од неуспех, тоа сигурно нема да се случи“, изјави генералот на иранската армија.
Покрај тоа, Мусави се сретна со командантот на белоруските воздухопловни сили, Андреј Лукјанович , за да разговараат за проширување на воените односи меѓу Иран и Белорусија. Оваа посета укажува на зајакнување на воените врски меѓу Минск и Техеран во светлината на сегашните тензии.