„ЕУ Е ФАБРИКА НА ЛАГИ“: Брисел го предизвика гневот на Унгарците

Сијарто на „Фејсбук“ напиша дека продуктивноста на „бриселската фабрика на лаги“ не ја попречуваат фактите или традиционалниот летен мир и дека „јасно е дека дури и постојаните неуспеси не ја попречуваат нејзината работа“.

-Бриселската фабрика на лаги ја нападна /унгарската/ мировна мисија веднаш по посетата на Орбан на Киев, Москва, Пекинг и Флорида. Брисел беше разоткриен и кога е во прашање забраната за снабдување со нафта, според наредбата на Украинците, а резултатот е дека две членки на ЕУ, меѓу кои и ние, се соочуваат со сериозна закана кога станува збор за безбедноста на снабдувањето – изјави Сијарто.

Според него, по два неуспеси, Брисел изнесе уште една лага, тврдејќи дека Унгарија ги пушта руските и белоруските шпиони во ЕУ, пренесе ТАСС.

– На претставниците на балтичките земји веќе јасно им објаснивме зошто тоа е очигледна лага, но се чини дека тие не се грижат за фактите, а ни /претседателот на Европската народна партија/ Манфред Вебер – посочи Сијарто. .

Тој го обвини Вебер за „унгарска фобија“ и додаде дека чека да види што ќе измислат балтичките земји или Вебер по четврти пат, откако третата лага пропадна.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial