ГОРАН ТАСКОВСКИ: НИКОЈ И НИШТО НЕ МОЖЕ ПРОТИВ НАРОД, ИМА САМО КУПЕН И ЗАСПАН НАРОД!!!

МАКЕДОНЦИ! После народот во САД, романскиот народ е втор пример како се сака, се спасува сопствената држава од вовлекување во воен судир, како се избегнува граѓанска војна и како се носи на буниште целиот ГЛОБАЛИСТИЧКИ систем, кој ја уништува државата до темел.
Целосно и фронтално, без страв, Романците на избори, со огромно мнозинство, им кажаа FUCK OFF на ГЛОБАЛИСТИЧКИТЕ полтрони и си ја спасија државата со достоинство, без ниедна жртва – уште еден доказ дека не кажува калето, и дека не е се однапред договорено.
Дали повторно, традиционално, македонскиот народ последен ќе се разбуди, последен ќе делува, или ќе чека од надвор да го спасуваат, и по тоа да му наметнуваат туѓи вредности.
Еве еден луд неразбирлив пример, на Македонецот му е страв да протестира за сопственото здравје, против токсични депонии, против загаден воздух, почва, вода…, ненормална појава, неразумно, катастрофално- на кој од вас ќе ви треба работа, партија, пари, послушност, доколку се разболите вие или некој ваш близок, со фатални последици, дали сте нормални?
Се продавате за 1,000, 5,000 денари, 100 евра, еден сендвич, ветување за вработување, позиција во управен одбор, директор, тендер…,
до кога така, после Курле од Свирипичино е виновен што пропаѓа се, дека нема однос и кадар по институциите, нема здравство, младите, па и повозрасните се иселуваат, дупки по патиштата, никаква инфраструктура…, но, битно е дека вие денес обезбедивте пари и позиции, а немате држава – какви будали.
Го сменија името, седите дома, по националност сте три коси црти, седите дома, ви кажуваат дека вашите баби и дедовци биле Бугари, седите дома, ви зборуваат и пишуваат во собрание, во влада, по улици, на туѓ јазик, седите дома, низ цела СЕВЕРНА се вее туѓо знаме, седите дома, на пописот не постоите, седите дома, цените на храната и струјата стигаат до неотркријана галаксија – легално ве крадат, со амин на власта, седите дома… .
Не се прифатливи поплаките и изреките – јас те поддржувам, јас сум со вас…, но, ќе ме видат, ќе ме избркаат од работа, ќе ме сменат на полошо место, дрн, дрн, дрн, приказни за мали деца, срамота е што се нарекувате Македонци.
Се трча последниот круг, Македонија е договорена, Македонска Ера Трета – Суверенисти ја носи татковината таму каде што припаѓа – на врвот, во позиција каде што ќе има слобода и вистина, Македонија ќе биде темелот на СУВЕРЕНИЗМОТ, лидерот и центарот на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ.
Плашливите, лигушите, профитерите, предавниците, АНТИМАКЕДОНЦИТЕ, расипаните, покаканите и подмочаните, нека гледаат и учат како се сака и се делува за сопствениот дом, држава, татковина.
ИМА КОЈ ДА ЈА ЧУВА И БРАНИ МАКЕДОНИЈА!
Горан Тасковски-Претседател на Македонска Ера Трета Суверенисти