Горан Тасковски: ЗАСПАНА ДРЖАВА, НАРОД ВО ДЛАБОК СОН!!!

Кога оние кои се избрани од тебе, за да те чуваат, како највисок орган во татковината, како обврска да ја бранат и штитат државата и да го жртвуваат сопствениот живот, се најголемите кртови и главни поткопувачи на Македонија, оние кои за мизерни пари го продаваат нашиот дом на арамии, мафии, нарко картели…, тогаш нешто многу е црвосано во државната власт.
Никој да не сноси одговорност за таа пресериозна појава, никој од оние кој раководат со безбедноста на сите нас, особено на државните функционери по протокол, да не биде отстранет од тој систем на безбедност, тогаш навистина имаме трул државен систем.
Само Господ знае до каде е овој ланец на анти Македонци, и какви предавства до сега биле извршени.
Битолските јавни претпријатија во огромни загуби – Водовод, Комуналец, Нискоградба, Пазари, Паркинзи.
Дали има некој нормален во општина Битола, да објасни како е ова можно, на кој начин е можно, каде завршуваат наплатените пари од Битолчани, и кој одговарал или ќе одговара за овој систем на смислена кражба, за цедење на јавните претпријатија од сопствените средства, за во приватни џебови, финансирање на непродуктивни појави, поткуп за избори…, каде што ниеден раководител, директор, менаџер, не одговара за ова расипништво.
Без соодветен кадар и аминџии, слепи извршители, лижачи на скопските партиски централи, само за да бидат битни личности со титули и кабинети, очекувано е да се случува, беспромашување, сите јавни претпријатија да се пред стечај и затворање.
Дали централите и градоначалниците некогаш ќе бидат наситени и вистински водачи на Македонија и општините.
Ветувањето беше, доколку имаме 2/3 мнозинство, ќе го вратиме името.
На вчерашната изјава за медиумите, Премиерот потврди дека имаат 2/3 мнозинство во собранието на Македонија.
Сите сега со нетрпение чекаме, денес, утре, пратениците од власта да го вратат името, ако не се случи тоа, тогаш главата на предавничките политики сите овие години, веќе е откриена.
ТОЛКУ НАРОДЕ, ВИЕ И ПОНАТАМУ РАКОПЛЕСКАЈТЕ И “СПИЈТЕ МИРНО”, ИМА КОЈ ДА ВЕ ЧУВА, ДА ВИ ГИ ЗЕМА И КРАДЕ ПАРИТЕ И КОЈ ДА ВЕ ПРЕДАВА!
Горан Тасковски-Претседател на Македонска Ера Трета-Суверенисти