(ВИДЕО) Пожар во Франција! Повеќе од 3000 кампери мораа да се евакуираат!
Во пожарот, кој избувна во ноќта меѓу неделата и понеделникот во градот Каен-ен-Русијон во департманот Источни Пиринеи на југот на Франција, најмалку 11 лица се полесно повредени, меѓу кои и двајца пожарникари, но, како објавија локалните медиуми, пожарот бил изгаснат во текот на ноќта под контрола, а повеќе од 3.000 кампери биле успешно евакуирани.
„Поради силните налети на северни ветрови со брзина до 80 километри на час, пожарот многу брзо се прошири кон туристичкиот камп Мар Естанг, кој се наоѓа на 100 метри јужно од локацијата каде што избувна пожарот “, соопшти локалната противпожарна служба во изјава, како што објави порталот BFM TV.
A fire in the south of #France burned through 500 hectares (1,240 acres) of land and destroyed a campsite, with 2,000 people evacuated before the blaze was brought under control on Tuesday.#PoliticalUprising #SaintAndré #incendie pic.twitter.com/P5N202aGew
— Political Uprising (@Political_Up) August 15, 2023
Превентивно, повеќе од 3.000 кампери беа евакуирани од овој камп и привремено сместени во локални кафулиња, барови на плажа и во зградата на Домот на културата во Каен-ан-Русијон, а веднаш беа мобилизирани околу стотина пожарникари и 27 амбулантни возила.
Во пожарот уништени се еден камп приколка и една куќа за сместување на туристи, делумно оштетени се шест туристички куќи како и три моторни возила, јавуваат локалните медиуми.
„Сите луѓе се вратија во кампот утринава околу 07:30 часот, а повеќето од нив беа сместени во неоштетени камп приколки од утрово во 08:00 часот“ , соопшти локалната полициска префектура и потврди дека пожарот е ставен под контрола два часа по избувнал, околу 04:45 часот.
Како што пренесува порталот France Bleu, најавена е истрага за да се утврдат точните причини за овој пожар.