Васил Ефтимов е името на човекот кој денеска беше убиен со истрел во главата на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје.

Тој денеска беше убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зело неколку предмети, а потоа пукало кон жртвата.

Васил Ефтимов е името на човекот кој денеска беше убиен со истрел во главата на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје.

Жртвата не е адвокат, како што претходно се тврдеше, туку е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.

Како што дознава Плусинфо од полициски извори, убиството е сплет на несреќни околности, бидејќи напаѓачите помислиле дека Ефтимов во својот автомобил носи чанта полна со злато и вреден накит.

Тие се обиделе да го ограбат, но убиениот им се спротивставил. И тоа бил моментот во кој тие одлучиле со еден истрел во главата да го лишат од живот.

Неофицијално, кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата.Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial