22 лица се повредени во експлозијата на тркачката патека во Нирнберг
Најмалку 22 лица се повредени во експлозија во падокот на германската тркачка патека Нирбергринг, соопшти денеска полицијата.
Во инцидент за кој се верува дека бил предизвикан од експлозија на канистер со компримиран воздух во петокот вечерта, едно лице е тешко повредено, а уште три се тешко повредени, јавуваат германските медиуми.
Неколку од нив се префрлени со хеликоптер во блиската болница, додека останатите се здобиле со полесни повреди.
Инцидентот се случил зад падокот пред трката NLS4, според официјалните лица на патеката Нирберг.
Организаторите рекоа дека трката NLS24 ќе продолжи по консултација со сите вклучени страни, додавајќи дека учеството е доброволно, пренесува АП.