Шојгу пристигна во Техеран на средба со лидерите на Иран

ТЕХЕРАН – Секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу денеска пристигна во Техеран во работна посета на Иран, каде што ќе разговара за безбедносната ситуација на Блискиот исток и соработката меѓу Иран и Русија, јави РИА.

 

Според извештаите, Шојгу со иранските лидери ќе разговара за различни аспекти на глобалната и регионалната безбедност, како и за широк опсег на билатерална соработка и нејзино зајакнување, од сферата на безбедноста до трговските и економските проекти.

Во рамки на работната посета, Шојгу ќе се сретне и со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан.

Претходно денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, изјави дека Иран не сака ескалација на тензиите во регионот на Блискиот Исток, но смета дека треба да го „казни“ Израел за да спречи натамошна нестабилност.Тој ги повика САД да престанат да го поддржуваат Израел, наведувајќи дека меѓународната заедница не ја исполнила својата должност да ја зачува стабилноста во регионот на Блискиот Исток и дека затоа треба да го поддржи казнувањето на „агресорите“.

Иран, либанската милитантна група Хезболах и палестинската милитантна група Хамас го обвинија Израел за убиство на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран на 31 јули.Израелските власти не презедоа одговорност, пренесува Танјуг.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial