Шефот на Мицкоски, Аљбин Курти, заедно со Камала Харис се фотографираа со сопружниците (ФОТОГРАФИИ)

На фотографијата објавена на мрежата X, Аљбин Курти е со неговата сопруга, норвешката истражувачка Рита Аугестад Кнудсен , а Камала Харис е со нејзиниот сопруг Даг Емкоф .

 

 

 

Во Чикаго денеска почнува Демократската национална конвенција на која треба да биде официјализирана номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на Демократите за ноемвриските избори во САД. На оваа средба ќе присуствува и премиерот на Косово Албин Курти, а американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер истакна дека не отпатувал на покана на Владата на САД, туку на Националниот демократски институт (НДИ).

Фотографијата ја коментираше Ричард Гренел, близок соработник на Доналд Трамп, поранешниот претседател и сегашен републикански кандидат.

Гренел на мрежата Х сподели фотографија со која напиша дека прашање е дали Камала Харис воопшто знае кој е Курти и каде е Косово, дури и дека нејзината сопствена влада го критикува Курти за дестабилизација на регионот.

Радикалните левичари заедно, напиша Гренел.

После отворената поддршка од Курти за Камала Харис во претседателската трка, очекуваме и неговиот штитеник Христијан Мицкоски, заедно со неговата партија да го направат истото.

 

 

 

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial