Цукерберг: Белата куќа побара од Фејсбук да ги цензурира содржините за Ковид
Основачот и сопственик на Мета, Марк Цукерберг , рече дека високи претставници на Белата куќа од администрацијата на Џо Бајден постојано вршеле притисок врз Мета, мајката на Фејсбук и Инстаграм, да цензурира одредени содржини на Ковид-19 за време на пандемијата.
Цукерберг рече дека во 2021 година високи функционери од администрацијата на Бајден, вклучително и Белата куќа, постојано вршеле притисок врз тимовите со месеци да цензурираат одредени содржини за Ковид-19, вклучувајќи хумор и сатира. „Тие изразија голема фрустрација кон нашите тимови кога не се согласувавме“, рече тој во писмото до Џим Џордан, шеф на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, додавајќи дека верува оти притисокот на владата е погрешен.
За време на пандемијата, Фејсбук им додаваше предупредувања за дезинформации на корисниците кога тие коментираа или лајкуваа објави за кои се оценува дека содржат лажни информации за Ковид.
Компанијата, исто така, избриша објави во кои се критикуваат вакцините против Ковид и сугерираат дека вирусот е развиен во кинеска лабораторија.
Во кампањата за претседател на САД во 2020 година, Бајден ги обвини социјалните мрежи како Фејсбук за „убивање луѓе“ дозволувајќи да се објавуваат дезинформации за вакцините за коронавирус на платформата.„Мислам дека направивме некои избори кои, со помош на ретроспектива и нови информации, немаше да ги направиме денес. Жал ми е што не бевме поотворени за тоа“, рече Цукерберг.