Украинците го собориле сопствениот авион Ф-16
Украинските власти со месеци бараа од своите сојузници авиони Ф-16 за кои беа убедени дека ќе означат пресвртница на фронтот – за да почнат сами да ги соборуваат веднаш штом почнаа да летаат.
Зашто, како што стојат работите, уште пред Ф16-овите да се соочат со Русите, еден од авионите бил погоден од пријателски, односно украински оган.
Западните медиуми јавуваат дека авионот во кој загина пилотот е соборен за време на рускиот бараж, но пратеничката на украинската Рада Маријана Безуглаја тврди дека режимот во Киев ја крие вистината.
Американскиот борбен авион Ф-16, кој пристигна во Украина на почетокот на годината, настрада, како што вели таа, во судир со украинскиот противвоздушен систем „Патриот“.
„Според моите информации, авионот Ф-16 на украинскиот пилот Алексеј Мунфиш Меса е соборен од противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ поради некоординација меѓу воените единици“, напиша Безуглаја на Телеграм.
Таа беше гласно критикувана од воздухопловните сили на вооружените сили на Украина за лажно квалификување на инцидентот како „несреќен случај“.
„Културата на лага во воздухопловната команда на вооружените сили на Украина, како и во другите високи воени штабови, води до тоа системот на воено одлучување да не се подобрува врз основа на вистинити, постојано собрани аналитики, туку да се влошува, па дури и колабирање“, напиша таа, додавајќи дека ниту еден од врховните команданти не е казнет за инцидентот во кој настрадаа и западниот авион и пилотот.
И воениот аналитичар на „Билд“, Џулијан Ропке, ја потврди информацијата дека Украинците го „симнале“ сопственото летало.
Leider nicht die einzige Quelle: Offenbar gab es beim ersten gemeinsamen Einsatz von Patriot und F-16 am vergangenen Montag aufgrund schlechter Koordination der Luftverteidigung einen tödlichen Zwischenfall.
Statt das offen einzuräumen, wurde eine alternative Wahrheit verbreitet. https://t.co/f6o33khkjy— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) August 29, 2024
„За жал, минатиот понеделник имаше фатален инцидент за време на првата заедничка мисија на „Патриот“ и Ф-16 поради лошата координација на противвоздушната одбрана. Наместо ова отворено да се признае, беше објавена „алтернативна вистина““, тврди Ропке.
Неидентификуван американски функционер открил за Волстрит журнал дека авионот се урнал, но рекол дека млазниот авион не бил соборен и дека падот најверојатно се должи на грешка на пилотот.
Подоцна, украинските воздухопловни сили ја потврдија смртта на украинскиот пилот на Ф-16 Алексеј Мес, кој, објави Си-Ен-Ен, бил обучен да лета со Ф-16. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека пилотот загинал во воздушна борба кога неговиот авион се урна на 26 август.
Првите ловци Ф-16 пристигнаа во Украина на 31 јули 2024 година, а ако е точно тврдењето на магазинот „Економист“ дека во „првата рунда“ во Киев биле испорачани само десет дефицитарни авиони, очигледно е колку е скапа таква загуба е за Украина.
Се покажа и дека „страшното западно оружје“ што може да ги победи Русите за само неколку дена е само празна пропагандна приказна и дека ниту еден систем не може да му помогне на Киев да го среди хаосот во сопствените воени редови.