Украина ја нападна Белорусија? Лукашенко: Ги соборивме нивните авиони

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека вооружените сили на Украина синоќа го нарушиле воздушниот простор на Белорусија и дека силите за воздушна одбрана уништиле неколку цели над територијата на Белорусија.

Тој додаде дека се претпоставува дека се работи за јуришни дронови. За време на работната посета на округот Шкловски, Лукашенко изјави дека синоќа во 18 часот и 10 минути воздухопловните сили и воздушните одбранбени сили на Белорусија се ставени на висока борбена готовност, пренесува агенцијата Белта.

Според него, вооружените сили на Украина го нарушиле воздушниот простор на Белорусија во источниот правец.

– Затоа нашите сили за противвоздушна одбрана беа ставени во целосна готовност за пресретнување на воздушни цели. Имаше десет од нив. Авионите, хеликоптерот полетаа, а повеќецевните ракетни системи беа ставени на висока борбена готовност – рече Лукашенко.

Тој посочи дека на Министерството за одбрана и на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија им биле дадени инструкции да преземат соодветни мерки за сигурно обезбедување на безбедноста на земјата.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial