Трамп вети објавување на документи за убиството на Кенеди

Изјавата на Трамп дојде веднаш откако независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор објави дека ја прекинува својата кампања

 

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека, доколку биде избран, ќе формира независна претседателска комисија за обиди за атентат, од која ќе побара да ги објави сите преостанати документи поврзани со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Трамп ова го изјави на предизборен митинг во Аризона, каде во петокот се појави заедно со Роберт Кенеди Јуниор, пренесува порталот Аксиос.

„Комисијата ќе спроведе и ригорозна анализа на нападите од минатиот месец“, рече Трамп, мислејќи на нападот врз него на митинг во Пенсилванија.

Оваа изјава на Трамп дојде веднаш откако независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор. објави дека ја прекинува својата кампања и го поддржа републиканскиот претседателски кандидат. Трамп изјави за Си-Ен-Ен дека „веројатно“ ќе му дада функција на Кенеди Џуниор во неговата администрација доколку се повлече од претседателската трка и му даде поддршка.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial