Трамп: Белата куќа ја водат фашисти, марксисти, комунисти; На Бајден му беше одземен мандатот како да е дете
Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека „тие“, за разлика од него, се закана за демократијата.
„Мислам, погледнете што направија. На (Џозеф) Бајден му ја одзедоа кандидатурата за претседател како да беше дете. Му ја одзедоа претседателската функција. Неговата сопруга не сакаше тоа да се случи“, рече Трамп.
Како што рече, демократите учествуваа во „државен удар“ со заменување на Бајден на врвот на листата со потпретседателката Камала Харис, неколку месеци откако милиони гласачи го дадоа својот глас.
На прашањето на новинар кој ја води земјата додека Харис е во кампањата, поранешниот претседател рече „група луѓе кои се фашисти, комунисти, марксисти“.
„Тие кружат околу Овалната соба и Министерството за правда“, рече Трамп.
На новинарско прашање дали мисли дека Бајден не носи големи одлуки, Трамп рече „не, мислам дека не знае дека е жив“.