ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО АВСТРИЈА! Уапсен млад човек (20) од Македонија, евакуирани 50 куќи!
Голема полициска акција , вооружена до заби, започна рано наутро и траеше со часови. Евакуирани се повеќе од 50 куќи , а делумно е евакуиран и дом за стари лица на тоа место. Околината беше затворена со полициски кордон на голема површина, а затворени беа и патиштата за време на операцијата.
Станува збор за тајна акција во која е уапсен млад човек (20) наводно од Македонија , додека полицијата во Виена се уште трага по двајца Чеченци. Во потрага по експлозив, прво била претресена куќата на уапсениот, а потоа продолжила на други локации.Изворот на „Хојте“ рекол дека се претпоставува дека се работи за исламист кој наводно е поддржувач на ИД.
Поради тајноста на акцијата, по апсењето на младиот човек, граѓаните мислеле дека се работи за убиство, заложничка криза, закана од експлозија на гас или терористичка акција. Сепак, случајот е многу посериозен отколку што се мислеше, шефот на обезбедувањето во МВР Франц Руф и шефот на виенската полиција Герхард Пирстл најавија дека ќе ги објават сите детали од истрагата и последните сознанија од тековната полициска истрага.
Граѓаните, гледајќи толку многу полицајци и евакуирани соседи од нивните куќи, претпоставуваа дека има „гасен аларм“. На помош бил повикан австрискиот енергетски снабдувач ЕВН, а во куќата на осомничениот биле исклучени струјата и гасот.
Поради гасот што наводно истекувал, луѓето биле повикани без паника да ги напуштат своите куќи и да се упатат кон зградата на општината. И покрај ова, гласините се проширија од пладне. Некои рекоа дека младиот човек се забарикадирал во куќата каде се заканил дека ќе ја разнесе. Други го поврзаа ова со ноќната експлозија во Виена-Отакринг.