Советот на Европа ја повикува Бугарија да не донесува закон за забрана на геј пропаганда
СТРАЗБУР – Комесарот за човекови права на Советот на Европа Мајкл О’Флаерти го повика бугарскиот претседател Румен Радев да не го потпишува законот за забрана на таканаречената „геј пропаганда“ во училиштата.
Како што пренесува порталот „Европска вистина“, О’Флаерти изразил „длабока загриженост“ за законот усвоен од бугарскиот парламент за забрана на таканаречената ЛГБТИ пропаганда во училиштата.
„Го повикувам бугарскиот претседател Радев да не го потпишува овој закон. Властите мора да се борат против дискриминацијата и непријателската реторика кон ЛГБТИ заедницата, особено пред изборите“, додаде О’Флаерти.
Парламентот на Бугарија на 7 август го одобри нацртот на спорниот закон на иницијатива на проруската партија Ренесанса, кој беше поддржан и од некои проевропски партии. Одобрените прописи забрануваат „промоција, популаризација и поддршка на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација или сексуална идентификација која се разликува од биолошката“ во училиштата.
Европската комисија, на позадината на усвојувањето на предлог-законот за забрана на геј пропагандата во бугарските училишта, потсети дека ЕУ е посветена на борбата против дискриминацијата.Во ЕУ слична борба против ЛГБТ пропагандата најави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, поради што влезе во остар конфликт со Брисел.