Русија им објави војна на сатанистите!

Државната дума на Русија покрена иницијатива за промена на законот со цел да се потисне ширењето на сатанизмот и деструктивните идеологии, кои властите ги оценуваат како директна закана за државноста и националните вредности.
На тричасовната тркалезна маса во Москва, организирана од Комитетот за јавни здруженија и верски организации, сатанизмот беше означен како „мизантропска идеологија заснована на оправдување на злото“, чија цел, како што изјавија официјални лица, е да ги уништи верските столбови на руската држава.
Закон за антисатанизам, измена на неколку области: религија, информации, трговија
Вјачеслав Леонтиев, член на работната група на Думата за борба против сатанизмот, изјави дека во наредните недели ќе се подготват измени на законот за слобода на совест, информирање и трговија, кои ќе овозможат ефективно сузбивање на деструктивните култови.
– Сакаме да ги ограничиме активностите на сатанистите бидејќи тие претставуваат сериозна закана за државата – рече Леонтиев.
Пратеникот на Обединета Русија Андреј Картаполов побара истрага за финансирањето и логистиката на овие групи:
– Треба да знаеме кој ги печати нивните книги и плакати, кој плаќа за нивните настапи, кои се клиентите и покровители? – праша Картаполов.
Православната црква ја поддржува иницијативата, се повеќе гатачи и секти во Русија
Пратеникот Николај Бурљаев истакна дека граѓаните во неколку руски градови пријавиле наводни „сатански сексуални ритуали“, предупредувајќи дека традиционалните вредности се во сериозна опасност.
– Ова е напад на нашиот идентитет и цивилизирана држава – рече Бурљаев.
Владиката Питирим од скопинската епархија изјави дека бројот на гатачи, нумеролози, тарот толкувачи и слични „окултни фигури“ е зголемен за три пати во последната година – од околу 250.000 на 800.000, додека во цела Русија има околу 40.000 православни свештеници.
Заменик-поглаварот на Патријаршијата, Фјодор Лукјанов, потсети дека патријархот Кирил предложил целосна забрана на таканареченото „меѓународно сатаничко движење“, по примерот на забраната за ЛГБТ движењето од ноември 2023 година, кое потоа беше прогласено за екстремно.
Зајакнување на конзервативниот тренд и улогата на црквата
Паралелно со сè поизразениот конзервативен пресврт на власта расте и влијанието на Руската православна црква. Новите закони, доколку бидат усвоени, формално ќе го зајакнат институционалниот одговор на она што властите го нарекуваат „идеолошка субверзија против руското општество“.