РУСИТЕ ГИ ПРЕТВОРИЈА УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ПАРЕА, БУКВАЛНО! Потврдија дека во Курск првпат ја употребиле НАЈМОЌНАТА БОМБА НА СВЕТОТ! (ВИДЕО)

Украинската бригада не ни знаела што ги снашло.

Русија потврди дека користела термобарични бомби, познати и како вакуум бомби, во последните напади врз украинските сили.

Оваа последна ескалација уследи по упадот на Украина во регионот Курск, што дополнително го интензивираше конфликтот во тој регион.

Според извештајот на руското Министерство за одбрана, борбите во западниот регион Курск се интензивирани, а руските воздушни напади вклучуваат употреба на ова екстремно деструктивно оружје.

Термобаричните бомби, кои работат со употреба на експлозивна смеса за да создадат екстремно висок притисок и температура, можат да предизвикаат сериозни оштетувања на човечкото тело и околните предмети.

 

 

Украинските власти претходно изјавија дека за време на конфликтот биле користени термобарични бомби, вклучително и период од неколку недели по почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, но тоа никогаш не било докажано и подоцна се покажа дека тоа биле обични бомби ФАБ. 

Според извештаите на Би-Би-Си и експерти како Роберт Хјусон, термобаричните бомби се опишани како најмоќните ненуклеарни бомби, способни да испаруваат се во радиус од 300 метри.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial