Путин клекна за да им оддаде почит на жртвите во Беслан (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во јужниот град Беслан во чест на повеќе од 300 луѓе – главно деца – кои загинаа во терористички напад на училиште пред речиси 20 години.

Во вторникот Путин положи црвени рози на гробиштата на Градот на ангелите, каде што се погребани 266 од 334 жртви на опсадата. Потоа претседателот клекна и се прекрсти.

 

 

 

Путин, исто така, оддаде почит на споменикот на припадниците на елитните единици за специјални операции Алфа и Вимпел, кои загинаа за време на опсадата.

 

 

 

 

Рускиот претседател го посети и училиштето кое е претворено во меморијален комплекс. Му беа покажани ѕидовите покриени со фотографии од жртвите заедно со пораки со сочувство.

 

 

Терористичкиот напад на училиштето бр.1 во Беслан започна на 1 септември 2004 година и траеше три дена. Тоа беше еден од најтрагичните настани во модерната руска историја. Напаѓачите, меѓу кои беа претежно чеченски и ингушки бунтовници, зеле како заложници 1.100 луѓе, од кои речиси 800 биле деца, а сите биле држени практично без храна и вода.

Речиси сите 32 терористи лојални на чеченскиот воен лидер Шамил Басаев кои учествуваа во нападот беа убиени додека руските сили упаднаа во објектот.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial