Подготвен бункер за Биби и неколку стотици други луѓе под Ерусалим, можен превентивен напад врз Иран

Службата за општа безбедност на Израел подготвила подземен бункер во областа на Ерусалим, наменет за управување со земјата во случај на силен напад на Иран и неговите сојузници, пишува порталот Вала.

Бункерот е погоден за долгорочно сместување на неколку стотици луѓе, дознаваат новинарите. Изградени се подземни простори за живеење, канцеларии, сали за состаноци и уникатен команден центар поврзан со Министерството за одбрана.

 

Порталот Инет, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека израелските власти разгледуваат различни опции за одговор на очекуваниот ирански напад, вклучувајќи ја и можноста за преземање превентивен напад.

 

„Првпат премиерот и неговите претставници од безбедносната сфера разговараа за можен превентивен напад “, наведува весникот.Сепак, забележува порталот, ова бара САД и Израел да ги имаат потребните разузнавачки информации, вклучително и планот за напад на Иран.

 

Палестинското движење Хамас минатата недела објави дека лидерот на политичкото крило на Хамас Исмаил Ханије е убиен во израелски напад врз неговата резиденција во иранскиот главен град Техеран, каде што присуствувал на инаугурацијата на новиот ирански претседател. Движењето ги обвини Израел и Соединетите Американски Држави за неговата смрт и најави дека нападот нема да остане без одговор, пренесува Спутник.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial