Петмина Албанци претепале Србин во Будва
Будванската полиција приведе петмина албански државјани кои претепале српски државјанин во населбата Вељи Виногради во близина на зградата „Џоли апартман“.
„Вијести“ пренесува дека наводно албански државјани излегле од автомобилот и физички нападнале Србин.
Медиумите неофицијално дознаваат дека полицијата околу 11 часот и 30 минути по пријавувањето на случајот ги привела Албанците, а претепаниот Србин добил лекарска помош на клиниката на Итната медицинска помош каде лекарите ќе го утврдат степенот на повредите.