Партијата, Македонска Ера Трета Суверенисти го поддржува Трамп за претседател на САД
Политичката Партија, Македонска Ера Трета Суверенисти, ја изразува целосната поддршка за Доналд Трамп во трката за претседател во САД.
Ја изразуваме нашата целосна поддршка на Доналд Трамп и неговиот изборен табор, во престоечките избори за претседател на САД во ноември.
Победата на Трамп е нужна за стабилизацијата на САД, а со тоа и на целиот свет, кој во изминативе четири години се движи во опасна насока, благодарение на администрацијата на сеуште актуелниот претседател, Џозеф Бајден.
Сегашната власт во САД, придонесе за отпочнување на воениот конфликт во Украина, во кој секојдневно гинат илјадници луѓе. Оваа прокси војна на американските демократи, се заканува да прерасне во директен судир помеѓу Руската Федерација и НАТО, токму поради непромислените и заканувачки потези на естаблишментот во Вашингтон. Сметаме, дека со изборот на Трамп, ќе започне процес на ставање крај на конфликтите во Украина и Израел.
Истовремено, ги повикуваме сите наши членови и симпатизери кои живеаат во САД, во ноември да го дадат својот глас за претседател, на Доналд Трамп, се вели во сопштението од политичката партија Македонска Ера Трета Суверенисти.