Палестинскиот претседател следната недела ќе ја посети Москва
Претседателот на палестинската управа Махмуд Абаз ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска палестински дипломат.
„Претседателот ќе пристигне вечерта на 12 август. Во вторник се очекува средба со претседателот Путин (…) Тој заминува на 14, но ќе има средба со арапските амбасадори“, изјави Абдел Хафиз Нофал, палестински амбасадор во Москва.
Според дипломатот, главен предмет на консултациите ќе биде ситуацијата во Газа.
„Ќе разговараме за улогата на Русија и што може да се направи. Ситуацијата овде е многу тешка, а Русија ни е блиска земја“, рече тој.
Извор од кабинетот на Махмуд Абас ја потврди оваа посета на АФП, прецизирајќи дека Абас потоа ќе отпатува за Турција.