Нови детали за убиството кај Урошевац: Убиен вујкото на сопругот на Вјосе Османи која направи скандал на скопскиот аеродром
Во свадбената сала во селото Бибај во општина Урошевац во Косово, во петокот попладне е убиен вујкото на сопругот на претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Медиумите јавуваат дека убиецот е припадник на косовската полиција.
Газета Сињали дознава дека жртвата е Садри Садриу, кој бил застрелан со пиштол пред ресторан.
Според првите информации инцидентот се случил во дворот на ресторан каде се одржувала семејна веселба. Жртвата дошла да присуствува на свадбата на нејзиниот внук.
Според последните информации, убиецот сам се пријавил во полиција и го предал службениот пиштол од кој пукал.
Со решението на обвинителството на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
За потсетување, пред две недели претседателката на Косово, Вјоса Османи, направи инцидент на скопскиот аеродром, одбивајќи да мине низ скенерот.