Нападната Сара Вагенкнехт: Напаѓачот за време на чинот извикувал „Украина“.

Германската политичарка Сара Вагенкнехт била нападната за време на предизборен митинг во Ерфурт, Тирингија, јавуваат германските медиуми.

Од полицијата за „Билд“ велат дека 50-годишен маж незабележано се доближил до оградениот простор и ја испрскал Вагенкнехт со црвена течност. Полицијата веднаш го совладала мажот и го привела, а моментално е во притвор.

Напаѓачот за време на чинот извикал „Украина“, изјави полицаецот и член на партијата Вагенкнехт (БСВ), Свен Кнутцел.

Вагенкнехт ја напушти сцената по нападот, за подоцна да се врати на неа.

„Многу ви благодарам за многуте прашања: Добро сум. Сè уште сум шокирана. Но, не грижете се: нема да се плашиме!“, изјави Вагенкнехт на Х по инцидентот.

 

 

 

По ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, поранешната членка на Левица се покажа како остар противник на политиката на владејачката коалиција „семафор“ на Олаф Шолц, особено во однос на нејзината антируска политика и вооружувањето на Киев. 

„Билд“ забележува дека Вагенкнехт им поставила услов на потенцијалните коалициски партнери дека мора да бидат против стационирање на американски ракети во Германија и против испорака на оружје за Украина.

Парламентарните избори во Германија се закажани за 28 септември 2025 година.

Исто така, локалните избори во Саксонија и Тирингија ќе се одржат на 1 септември, а во Бранденбург на 22 септември.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial