Мицкоски не го дава Гаши: Не гледам причина за интерпелација
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши, за кого седницата е закажана на 3. септември по иницијатива на пратениците од Левица.
„Го знаете ставот, дека не гледаме причина за интерпелација за спикерот Гаши. Начинот на кој се однесува како спикер, и како ги води седниците, претставува сериозно однесување за разлика од неговиот претходник. Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, имаат свои мотиви зошто поднесуваат ваков тип на интерпелација“, изјави Мицкоски.
Заклучокот е дека на Мицкоски му е приоритет собраниското мнозинство на сметка на законите, кои Гаши за краток период на двапати сериозноги прекрши.