Македонска Ера Трета Суверенисти му ја честита победата на Доналд Трамп

Политичката партија Македонска Ера Трета Суверенисти му ја честиташе победата на Доналд Трамп на штотуку завршените претседателски избори во САД.

Упатуваме искрени честитки до Доналд Трамп и американскиот народ по повод победата на претседателските и изборите за сенатот во САД. Победи суверенистичката опција наспроти глобалистичкиот темен облак кој во изминатите четири години го затскриваше сонцето на слободта во САД и остатокот од светот.

Се надеваме дека ќе има мирен трансфер во белата куќа и дека тој чин ќе значи почеток на златно доба за САД и светот во целина.

Со нетрпение чекаме Трамп да го исполни ветеното и да помогне во ставањето крај на бесмислената војна во Украина на која и тоа како и кумуваше администрацијата на Џозеф Бајден и Камала Харис и дека престои период на смирување на тензиите на блискиот исток.

Ние како политичка партија, бевме единствени од Македонија кои уште пред два месеца, официјално му дадоа поддршка на Доналд Трамп и републиканците во предизборната кампања. Тоа кажува многу за нашите исправни проценки и политики во стремежот за слободен и праведен свет, се вели во соопштението на партијата Македонска Ера Трета Суверенисти.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial