Мадуро го обвини WhatsApp дека ги предал податоците за граѓаните на опозицијата

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА, Николас Мадуро, ја обвини апликацијата за пораки WhatsApp, во сопственост на американската компанија Мета, дека ја предала целата лична база на податоци за граѓаните на Венецуела на лидерите на опозицијата Едмундо Гонзалес Урутија и Марија Корина Мачадо.

 

Мадуро ги означи тие опозиционери како терористи и воени злосторници, пренесува Reporte diario.

Според тврдењата на Мадуро, WhatsApp им ја доставил на опозициските лидери целата база на податоци на Венецуела, вклучувајќи лични и информации за семејствата и пријателите на граѓаните, за што зборуваат и кои видеа ги споделуваат на социјалните мрежи.

Обвинувањата на Мадуро доаѓаат по спорните избори на крајот на јули, по кои и актуелниот претседател и Едмундо Гонзалес прогласија победа.

Reporte diario наведува дека на протестите и во полициските акции по изборите биле уапсени околу 2.900 лица, додека 25 лица биле убиени.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial