Ле Пен: Посетата на претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара на Франција е провокација на Макрон

ПАРИЗ – Лидерката на крајно десничарското Национално собрание (РН), Марин Ле Пен, денес го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за „провокација“ и „неодговорност“ поради посетата на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара на Париз утре.
„Уште еднаш, Емануел Макрон го нарушува имиџот на Франција и ја дискредитира нејзината посветеност, особено меѓу сојузниците, во борбата против исламизмот“, рече Ле Пен во објава на X.
Таа го опиша Ал Шара како „џихадист кој поминал низ Даеш и Ал Каеда“, обвинувајќи го дека е член на „исламистички милиции кои сееле смрт меѓу нашите сонародници за време на крвави напади и масакрирале малцинства“, пренесува Фигаро.