Иран уапси десетици осомничени за вмешаност во убиството на Ханија
ЊУЈОРК – Иран уапси најмалку 20 лица под сомнение дека се поврзани со атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, за што земјата го обвинува Израел, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи двајца Иранци запознаени со истрагата.
Меѓу уапсените има високи офицери на иранската разузнавачка служба и воени функционери, а Иранците стравуваат дека голем безбедносен пропуст меѓу високи функционери го овозможил убиството, пишува Тајмс оф Израел, пренесувва Танјуг.
Британскиот весник „Телеграф“ претходно објави дека израелската разузнавачка агенција Мосад ангажирала ирански агенти да постават експлозив во куќата каде што престојувала Ханије, а потоа да го активираат од далечина, но официјален претставник на Хамас во Иран изјавил за новинската агенција Ал-Араби дека Ханије бил погоден од воздушна ракета. .
Ханије беше убиен во средата во Техеран.
Иранската влада и Хамас го обвинуваат Израел за неговото убиство, но Тел Авив ниту ја потврди ниту негира вмешаноста.
Иран се закани дека ќе му возврати на Израел поради убиството на Ханије, што ја подгрева загриженоста дека конфликтот на Блискиот исток може да ескалира.