Зоран Курљан: Играта на Дурови
Апсењето изведено во Парис, со Павел Дуров во улога на уапсен, им се’ врати како бумеранг на француските власти .
Бура од емоции и програмирани дејствија со сила на медиумско цунами се’ сруши врз преостаната репутација на француската управувачка класа .
Денес ОАЕ го стопираа на неопределено време купувањето на француски истребители во висина од 17 милијарди евра .
Павел Дуров покрај француското државјанство поданик е на Обединетите Арапски Емирати.
Светската јавност во реално време следеше како омилената флоскула на глобалистите – шатро демократи : Слобода на говорот е еуфемизам за потполна контрола и манипулација при формирање на јавното мислење со полно отсуство на критичко и логично размислување. Зомбификација .
Неколку дневниот притисок врз ,, независното ,, француско судство резултира со ослободување на Дуров од понатамошен притвор .
Ќе се брани од слобода за политички накалемените кривични дела .
Го обвинуваат за слободна комуникација на Телеграм . Не цензурирана од американските служби преку локално – вазални извршители .
Со ова , глибалистичката безбедносна структура признава дека Телеграм им е неподвласен за шпионирање и цензура .
Над Дуров виси и кривично дело со криптографска позадина . Галиба му се лутат заради неможноста на западните кршачи на кодови да ја пробијат заштитата на каналот Телеграм .
Алчноста , крволочноста и скудноумниста се одлика на нарачателите зад кулисите на францускиот политички процес . Колективен Бајденизам . Тие се’ убедени дека основачот на В Контакт и Телеграм се ‘ шета со фенси имиџ и приватен воздухоплов низ светот додека Телеграм каналот е неофицијален но оперативен службен канал на руската армија и Z патриотските воени и политички блогери . Само Бамби е повеќе наивен од глобалистите – турбо капиталисти . Рушење на митот за либералните слободи на претендентите од Новиот Светски Поредок е разголување на американскиот Хегемон за уште еден дел од неговата невидлива руба . Останаа уште чорапите затегнати со розеви жардињери .
И да сака , Павел не може да им помогне во сила на неговата непосветеност во техничко – безбедносните елементи на Телеграм каналот . Човекот , мастер – мозокот живее во Русија , без намера или волја за крстосување со цветови и публична присутност . Заштитен како бело мече на крајниот Север . Братот на Павел – Николај Дуров . Павел , Николај и Кремаљ ги истролаа карикатуралните ликови од Петтата Република и колективниот Запад . Ги ,, соблекоа ,, на отворена сцена во стриптиз клубот Европа .
За комплетно доживување недостига уште интервју со Камала Харис во изведба на Вован и Лексус .
Зоран Курљан