Ескалира кавгата меѓу ЗНАМ и „Вреди“
Ескалира кавгата во владината коалција. Помалите партнери на ВМРО-ДПМНЕ во власта – ЗНАМ и „Вреди“ од различни позиции по оредени прашања, како тоа по кој процент од пописот треба да се пресметува правичната застапеност во јавната администрација, преминаа на дирекни меѓусебни обвинувања за тоа кој каква политика води и дејствува, и тоа на лидерско ниво.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, еден од лидерите на „Вреди“, денеска меѓу редови му порача лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, да внима што зборува оти идната година го чекаат локални избори.
„Господинот Димитриевски гледам дека сака да поентира за да добие политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран за градоначалник со огромен број албански гласови. Идната година се локалните избори, најверојатно, повторно ќе му требаат. Нивото на коешто комуницира г-динот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, изјави Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“.
Предупредувањето од Таравири уследи откако Димитриевски ден порано му порача на „Вреди“ да престане да го имитара ДУИ и да направи корекција самото на себе.
„Граѓаните веќе не се оптеретени кој какво знаме ќе вее и кој е поголем заложник за исполнување на некои си, наводни, национални платформи и статегии, туку, едноставно, граѓаните сакаат да живеат во средена држава, во којашто корупцијата ќе се намали, ќе се изгради систем и ќе се направи функционална држава, функционален систем“, вели Димитриевски.
Кавгата меѓу владините партенери ЗНАМ и „Вреди“ отиде и чекор понатаму, односно дали тие се коалициски партнери или не се.
„ЗНАМ е партнер со ВМРО-ДПМНЕ во оваа власт и во ниту еден момент ние немаме како политичка партија разговарано за каква било коалиција или поддршка, взаемна, на централно ниво. Но сепак тие се партнер на нашиот партнер. Го почитуваме тоа“, изјави Димитриевски.
Од „Вреди“ преку соопшение му вратија на лидерот на ЗНАМ дека како политички субјекти не мора да се согласуваат за сите прашања, но оти мора да се почитуваат со оглед дека се дел од заедничка Влада која има утврдено и усогласено програмски приоритети.
„Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток здив“, му порачаа на Димитриеваски од „Вреди“.
Притоа од таму го потсетуваат Димитриевски дека „Вреди“ на изборите освоило 107.000 албански гласови и оти тоа не може етнички да се обезличува само за движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата.