Ентони Фаучи заразен од Западно Нилска треска: Ни спремаат ли уште една пандемија?
Д-р Ентони Фаучи , поранешен директор на Американскиот национален институт за алергија и заразни болести, се опоравува дома откако беше хоспитализиран со вирусот Западен Нил.
Фаучи, долгогодишен службеник за јавно здравје кој кариерно се искачи како дел од работната група за коронавирус во Белата куќа, се очекува целосно да закрепне, рече портпаролот.
Околу 1.000 Американци наводно се хоспитализираат секоја година со најтешката форма на вирусот Западен Нил, кој се шири преку каснувањето на заразените комарци. Уште 1.500 во просек се дијагностицираат откако ќе се појават симптоми, иако експертите проценуваат дека дури 80 проценти од инфекциите во САД никогаш не се идентификувани.
Не постои вакцина или специфичен третман за вирусот. Повеќето случаи се благи, предизвикувајќи симптоми слични на грип и осип. Во околу еден од 150 случаи, вирусот го напаѓа мозокот и нервниот систем, што може да доведе до оток на мозокот, оштетување на мозокот или смрт. Околу 100 луѓе умираат од инфекции од Западен Нил во САД секоја година.
Fauci recovering after hospitalization for West Nile virushttps://t.co/jHtwhSa592
— SVLM (@SVLM265989) August 24, 2024
Вирусот ја пустоши и соседна Србија
Чудно и во Србија продолжува да расте бројот на заразени со западнонилската треска, која ја пренесува матичниот комарец Culex pipiens.
Според последниот извештај на Заводот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, заклучно со 18 август, кај човечката популација се регистрирани 14 автохтони случаи на западнонилска треска. До пред една недела имавме осум случаи, поточно до 11 август.
Многуу симптоматично е што сите тие осум заразени, како што претходно беше најавено, имаат една од најтешките компликации – воспаление на мозокот.
Дали е ова најновата закана од кујната на СЗО, останува да видиме.