ДУГИН ЗА ОЛИМПИЈАДАТА: Западот е самиот ѓавол, мора да биде уништен!
Церемонијата на отворањето на Олимписките игри 2024 година во Париз е конечната пресуда, која ја означува смртта на модерната западна цивилизација, а Западот е јасно проколнат, пишува рускиот мислител Александар Дугин за веб-страницата „Геополитика“.
Секој кој не зема оружје за да се бори против западната сатанска цивилизација, на која и нема рамен во светската историја, е соучесник на сатаната, додава овој руски филозоф.
На едната страна денес го имаме Западот и неговиот отворен сатанизам. Меѓутоа, што имаме од другата страна, прашува Дугин. Сè уште не сме го направиле последниот чекор, но сè уште напредуваме по истиот пат. Сопиравме во моментот кога на хоризонтот се појави последната станица, пишува рускиот мислител, каде веќе се гледаше џиновската фигура на Витезот на смртта, опкружена со свита либерални перверзници.
Сè уште по инерција се движиме во иста насока, продолжува рускиот мислител и се уште не ја доведуваме во прашање претходната фаза од нашата историја. Последната станица на ова патување се Олимписките игри во 2024 година во Франција.
Западот е самиот ѓавол, тврди Дугин, но кои сме ние, кои се Русите? Од една страна, ѓаволот не исфрла од своите свети места, но, од друга страна, тој сè уште е во нас. Сè уште не сме го извадиле тоа од нас. Ѓаволот сè уште беснее во нашата руска култура, тврди Дугин, бидејќи нему му беше дозволено да влезе не пред неколку децении, туку пред неколку векови.
Западот, кој е исто што и ѓаволот, почна систематски да навлегува во Русија во 17 век. Во 19 век, Словенофилите го препознале неговото доаѓање и прогласиле тревога. Ова имаше ефект, но не го спречи нашиот понатамошен пад. Сега, сепак, навистина почнуваме да го запираме, смета Дугин, што може да функционира само ако Бог е со нас. Ништо друго нема да успее, забележува Дугин. Затоа Русија мора да му припаѓа на Бога, а Русите мора да станат негови ученици, вистински руски христијани. Можеме само да се молиме и да се бориме, додава рускиот мислител, да се бориме со молитва и тоа да го правиме како да ни е последен пат, пред смртта.
Специјалната воена операција е војна против сатаната, против Западот и против таквите Олимписки игри, каде што бунтовниците Титани од Тартар конечно го зазедоа местото на боговите, предупредува Дугин.
Западот, заклучува рускиот филозоф, мора да биде уништен.
Извор: РТ Балкан