Дали Google го исфрла Трамп од пребарувањето?
На прашањето „Претседател Трамп“, пребарувањето на Google исфрла – Паја Патак
Дали најголемиот глобален пребарувач Гугл намерно го отстранува Доналд Трамп од резултатите од пребарувањето?
Сопственикот на социјалната мрежа „Х“, милијардерот Илон Маск го обвини Гугл дека има забрана за пребарување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Ова тврдење Маск го илустрираше со пример, објавен на мрежата „Х“, кога „Претседателот Трамп“ се внесува во пребарување на Google, првиот понуден резултат е Паја Патак (Доналд Дак) и потоа „Претседателот Доналд Реган“, а меѓу резултатите нема Доналд Трамп.
На сликите од екранот објавени од Маск, предлозите на Google за „обид за атентат врз“ и „Претседателот Доналд“ не го прикажуваат Трамп во предвидувањата за автоматско комплетирање.
Кога корисниците впишаа „обид за атентат врз“ во лентата за пребарување, главните предлози за автоматско комплетирање беа за поранешниот претседател Роналд Реган и Боб Марли.
На 13 јули, Трамп беше застрелан во уво за време на неуспешен обид за атентат на митинг во Пенсилванија. Голем број конзервативни коментатори шпекулираат дека изоставувањето на Трамп од овие предлози е намерен напор да се влијае на изборите во ноември.
„Големата технологија повторно се обидува да се меша во изборите за да и помогне на Камала Харис“, објави во неделата на социјалната мрежа X, Доналд Трамп Џуниор.
„Сите знаеме дека ова е намерно мешање во изборите од страна на Google“. Навистина одвратно“.
Илон Маск сподели и коментираше слична објава.
А новинарите на NBC News го проверуваа пребарувањето и кога напишаа „обид за атентат врз“, добија слични резултати – Трамп не се појави во предвидувањата за автоматско комплетирање.
„Гугл“ рече дека проблемот е предизвикан од „аномалии“ што предизвикаа автоматското комплетирање да не работи како што беше предвидено „за некои пребарувања на имињата на неколку минати претседатели и сегашни потпретседатели“, пренесува CBS.
Доналд Трамп претходно се пожали на Гугл, тврдејќи дека ги „гуши конзервативните гласови“ и „крие информации“ од корисниците.