Гувернерот на Северна Каролина Купер ја повлече кандидатурата за потпретседател на САД во тимот на Камала Харис

 

 

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за потпретседател на САД во тимот на Камала Харис, која е најверојатниот претседателски кандидат на демократите на ноемвриските претседателски избори.

„Силно ја поддржувам кампањата на потпретседателот Харис за претседателската функција. Знам дека таа ќе победи и чест ми е што ме сметаат за нејзин кандидат. Сепак, ова не е вистинско време за Северна Каролина и јас да бидам на гласачкото ливче Купер објави на платформата X.

Тој додаде дека Харис има одлична листа на луѓе од кои може да избере и дека сите ќе работат за да се осигура дека таа ќе победи, пренесува ABC News.

Сенаторот од Аризона Марк Кели, гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро, гувернерот на Минесота, Тим Валц, како и гувернерите на Кентаки и Илиноис, Енди Бешеар и Џеј Би Прицкер се спомнати меѓу демократските кандидати за потпретседател.

На 19 август во Чикаго почнува Демократската национална конвенција на која официјално ќе биде објавен претседателскиот кандидат.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial