ВМРО ДПМНЕ ГИ ПРЕДАДЕ БРАНИТЕЛИТЕ

Пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ нема да бараат собранискиот спикер Африм Гаши да ја закаже матичната комисија откако вчера претседателката Илире Даути одби да ја стави на дневен ред.

Од ВМРО-ДПМНЕ на ставот на собранискиот спикер Гаши, дека комисија ќе нема – велат виновна е опозицијата која не дошла да бара дополнување.

Од кабинатот на Гаши и денеска велат остануваат на истиот став од вчера дека како што велат немало деловничка можност претседателот Гаши да свика седница на комисијата, бидејќи истата веќе била свикана од страна на претседателот на комисијата Илире Даути. Но не одговорија дали и кој ќе одговара за кршење на деловникот. Подносителката на законот Славјнака Петровска за тв 24 вели дека власта го крши деловникот.

Сепак иако Вреди најавуваа средба со Мицкоски за ова законско решение а притоа  бараа да се разговара и за припадниците на ОВК велат нема да дадат поддршка додека не се регулира статусот на поранешните припадници на ОВК

Овие обвинувања ќе бидат континуирани, но овој закон, се додека не се земе предвид ставот на албанските политички партии, конкретно на коалицијата ВЛЕН за инкорпорирање на поранешни војници на ОВК во овој закон, законското решение  нема да помине и покрај обвинувањата што другите ги прават.

Сепак законот за бранителите не се најде на вчерашната комисија која ја закажа претседателката Илире Даути која пак тврдеше дека нема да работи по наредба на Гаши и на како што рече неговиот шеф Мицкоски и дека таа акцент ставала на закони кои се од корист на граѓаните а не закони кои прават тензии и разделување и дека како што тврдеше додека таа ја води комисијата овој закон нема да го види светлото на денот ако притоа не се регулира статусот на поранешните припадници на ОВК .

Од ДУИ пак обвинуваа дека откако Гаши даде налог за свикување на комисијата прстот го вперија во Влен дека како што велат биле неми послушници на Мицкоски.

Овој предлог закон беше на пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска но не е прв пат ваквото законско решение да ја тресе јавноста. Тој предизвика драма и во Владата на Никола Груевски и Али Ахмети, во 2012, кога со денови Талата Џафери читаше поезија и молчеше на матична комисија, блокирајќи го законот. И тој закон тогаш не го виде светлото на денот.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial