„Бора херојски се бори за живот“ Најнови информации за состојбата на музичарот, лекарите даваат се од себе да му ја подобрат состојбата
Еден од најпознатите рокери од екс ју просторите, Бора Ѓорѓевиќ е во болница во Љубљана каде е прикачен на респиратор.Фронтменот на групата Рибља чорба има проблеми со белите дробови, а според последните информации тој е приклучен на респиратор поради компликации, но се појавија дезинформации за моменталната здравствена состојба на рокерот.
Сега во оваа прилика повторно се огласи менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ кој остро реагираше на ваквите натписи на социјалните мрежи:
– Бора Ѓорѓевиќ се наоѓа во Клиничката болница во Љубљана. Тој беше интубиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Лекарите се трудат да ја подобрат здравствената состојба, особено бубрезите и црниот дроб. Добива соодветна терапија, Бора херојски се бори. Има и некои натписи, особено на социјалните мрежи, кои не се добри, тие се злонамерни, што во овие моменти за една легенда, која се бори за живот, не е коректно и не е човечки и. Сите чекаме добри вести – изјави менаџерот на Бориа за медиумите.
Да потсетиме, како што објави „Курир“ во понеделникот, според неофицијални информации од персоналот на болницата, состојбата на Бора се уште е многу сериозна и опасна по живот, а тим од врвни стручњаци прави се музичарот да излезе како победник од оваа битка на животот.