Александар Дугин: Русија ќе победи на претседателските избори во САД, без разлика на исходот
Ако Трамп победи на изборите во САД во 2024 година, ќе се однесува многу поинаку отколку во првиот мандат, бидејќи веќе нема да има втора шанса да ги спроведе своите идеи во пракса, пишува рускиот мислител и геополитичар Александар Дугин на веб-страницата „Геополитика“.
Трамп сака да смени се, и во надворешната и во внатрешната политика на САД и сега нема да му биде гајле за „мочуриштето“.
Всушност, Трмап ќе инсистира на националната идеја на САД против глобализмот, а можеби и ќе го отвори вртоглавото Хегелијанско прашање за уставната монархија, пишува Дугин. Како поинаку да се направи Америка голема освен со прогласување монархија? Трамп веројатно ќе ги укине санкциите кон Русија и ќе се обиде да ја сврти Русија против Кина.
Сепак, ние нема да го поддржиме Трамп, туку Камала Харис, и со право. Впрочем, тоа сигурно ќе ја уништи Америка, а тоа е секако подобра опција, пишува рускиот геополитичар.
Ние Русите сме задоволни од двајцата кандидати, вели Дугин. Можеме да се справиме со Харис, или со голема, силна американска монархија заснована на традиционални вредности. Трамп наскоро ќе го елиминира ЛБГТ+, ќе ја одземе дрогата од зависниците и ќе го изгради највисокиот ѕид со Латинска Америка.
Ова се многу ветувачки избори за Русија, предвидува рускиот мислител.
Затоа, немаме причина да се мешаме во нив, заклучува Дугин. „Зошто би го направиле тоа?“, прашува рускиот мислител.