Авзи Мустафа: Или ќе има Албанци академици или ќе формираме паралелна институција

МАНУ треба да се трансформира и да не примаат само лекари и економисти, туку да ги примат навистина тие што заслужуваат, а еден од тие сум јас. Имам конкурирано, но не ме примија. Сакам Академијата да се отвори и сите што заслужуваат да бидат примени зашто науката не се дели на етникуми и на партии, но ако МАНУ не се отвори, нема друг начин освен да се формира паралелна академија. Друго чаре нема – вели Авзи Мустафа, еден од основачите на Академско здружение за наука и уметност на Албанците – Тетово

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ако не се трансформира и прими академици Албанци нема друго чаре туку ќе формираме паралелна – албанска академија на науките и уметностите, вели во изјава за „Слободен печат“ Авзи Мустафа еден од основачите на Академско здружение за наука и уметност на Албанците -Тетово или како што го промовира коалицијата Вреди „Албанска академија на науките и уметностите“.

Рок да се отвори МАНУ за aлбански академици не даваат, вели Мустафа зашто Академијата ги потрошила сите рокови и сега највисоката научна институција е на потег.

 

 

МАНУ е децидна дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Од Академијата велат дека се отворени за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност и дека за политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа.

извор: Слободен Печат

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial