СКОТ РИТЕР: ФБИ ми одзеде кутии полни со архиви за американските злосторства

Десетици страници документи за американските злосторства во Ирак отидоа кај агентите на ФБИ, а тоа беа навистина уникатни документи и докази, изјави поранешен американски разузнавач, коментирајќи го претресот во неговиот дом.

 

На денот кога агентите на ФБИ упаднаа во мојата куќа, имав планирано многу интервјуа, а на компјутерот имаше полузавршена статија за зајакнувањето на руско-американските односи, што сега, во принцип, се смета за криминал на Запад , изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер, коментирајќи ја рацијата и претресот на неговата куќа.

„Го почитувам уставот на нашата земја, а американските власти грубо ги кршат неговите основи и правото на слободен говор. Агентите нагласија дека би сакале да ме испрашуваат за моите активности како странски агент. Им реков: „Во ред. но само не кај мене., на што тие одговорија: „Всушност, имаме намера да влеземе“.

Како што тој изјави, агентите однеле десетици кутии од неговата архива, на кои се потпирал кога зборувал за американските злосторства.

Според него, кај агентите „останале“ и десетици страници документи за американските злосторства во Ирак и дека тоа биле навистина уникатни документи и докази.

„Јас не сум странски агент, ништо не кријам и не работам за руската влада. Јас сум новинар и соработник, имам свои подкасти, се појавувам доброволно како гостин во многу емисии. Рекоа дека се однесувам како странски агент“, изјави револтираниот Ритер.

Тој нагласи дека се надева дека ФБИ ќе проучи се што е запленето и ќе сфати дека тој е новинар, а не странски таен агент.

„Јас сум американски државјанин и новинар и ништо друго. Го почитувам уставот на нашата земја, а тие само грубо ги кршат неговите основи и правото на слобода на говор“, заклучи поранешниот американски разузнавач.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial