Путин ја отвори вратата за странците, жртви на неолиберализмот: Понуден престој во Русија
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Владимир Путин потпиша указ за обезбедување хуманитарна поддршка на странците „кои ги споделуваат традиционалните руски духовни и морални вредности“.
Како што е наведено во документот, станува збор за странски државјани и лица без државјанство кои не се согласуваат со политиките на своите земји, кои наметнуваат деструктивни неолиберални ставови.
Тие ќе можат да добијат дозвола за привремен престој во Русија без оглед на квотата што ја одобрила Владата и без да достават документ со кој се потврдува познавање на рускиот јазик, историја и основите на законодавството на земјата.
На таквите лица ќе им се издаваат визи за три месеци. За да го направат тоа, ќе треба да испратат писмена изјава до амбасадата или конзулатот во која ќе ги наведат причините поради кои го поднесуваат барањето.
Рускиот лидер исто така му нареди на Министерството за надворешни работи да формира список на земји кои наметнуваат неолиберални вредности. Тој список ќе го одобри Владата.
Путин и даде на Владата еден месец да обезбеди спроведување на уредбата.