Путин обелоденува: Терористите во Беслан добија помош од странство!

БЕСЛАН – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека извршителите на терористичкиот напад во рускиот град Беслан во 2004 година добиле помош и поддршка од странство.

Тој го изјави ова на средба со мајките на децата кои загинаа во опсадата на училиштето во Беслан пред 20 години, пренесува ТАСС.

„Добро знаеме дека оние од странство не само што се обидоа да го оправдаат ова страшно злосторство, туку им пружија на терористите секаква помош: морална, политичка, информативна и финансиска“, рече Путин.

Опсадата на училиштето во Беслан беше исламски терористички напад кој започна на 1 септември 2004 година и траеше три дена.

Во таа прилика терористите зеле како заложници повеќе од 1.100 луѓе, меѓу кои 777 деца.

Во терористичкиот напад на исламистичката група Ријад ал Салихин, поврзана со чеченското сепаратистичко движење, загинаа 334 лица, меѓу кои 186 деца, како и 31 напаѓач.

Нападот се смета за најсмртоносното пукање во училиште во историјата.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial