Песков: Не се согласуваме со Ердоган Крим да се врати под контрола на Киев

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не се согласува со изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Крим треба да се врати под украинска контрола.

 

Песков рече дека ова е точка на несогласување каде што „руските мислења целосно се разминуваат“ од оние на Турција, но дека Москва ќе продолжи да ја објаснува својата позиција на „своите турски пријатели“, пренесува Риа Новости.

Русија ја презеде контролата врз Крим од Украина и го анектираше во 2014 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата повтори дека Турција го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, истовремено нагласувајќи ја нејзината континуирана поддршка за правата на Кримските Татари.

„Нашата поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива. Враќањето на Крим на Украина е барање во согласност со меѓународното право“, рече Ердоган во видео порака емитувана на четвртиот самит на лидерите на Кримската платформа, јавува Anadolu Agency.

Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial