Килибар – камен со душа и древна енергија

Ако сакате за себеси да изберете древен и моќен талисман, обратете внимание на килибарот.
Килибар – симбол со илјадагодишна историја
Додека килибарот најчесто се нарекува драгоцен камен, во реалноста тоа е смола од праисториските зимзелени стебла. Најстариот камен од килибар кој е пронајден на Земјата е стар околу 320 милиони години! Замислете само колку енергија содржат украсите направени од силната смола на овие древни билки!
Исто така, килибарот како украс е моќен заштитен симбол, а почнал да се користи во античка Македонија, северна Европа и во древна Кина. Во секоја култура му се препишани неговите посебни својства. Најпознат меѓу љубителите на камења е жолтиот амбер.
Но, дали сте знаеле дека во светот постојат и: црвен, син и зелен камен со истото име? Исто така се користат за правење на преубави ланчиња и друг вид на накит.
Колкава е силата на килибарот?
Најдобариот квалитет на жолтиот вжарен камен е складирањето на огромна количина на древна енергија која со себе ја носи мудроста на земјата. Присуството на цврстите инсекти во смолата го претворуваат во магичен симбол. Луѓето веќе долго време веруваат дека тој носи мудрост, исцелување, топлина, радост и заштита. Но во азиските култури исто така е вообичаено луѓето да тврдат дека тој содржи душа на тигар и дека присобрал храброст на борбен војник. Некои носеле со себе парчиња килибар кога оделе на долги патувања како заштитен талисман, а некои го користеле за лекување на жолчката која била вообичаена во дамнешните времиња.
Денес следбениците на Фенг Шуи тврдат дека килибарот:
– ја подобрува емотивната состојба на личноста
– привлекува среќа
– помага при развивањето на трпение и мудрост
– ја ублажува главоболката
– ја уништува негативната енергија
– го елиминира стравот
– го чисти умот
Ако ве привлекува топлата и древна енергија на килибарот, тогаш задолжително купете си мало парче од овој соларен камен. Меѓутоа, обратете внимание само на природните и необработени примероци.
Зошто бил задолжителен за руските кралски бебиња и за нивните дадилки?
Природниот килибар е вистинска реткост и национално богатство кое се наоѓа само во одредени региони во светот. Не е скапоцен камен, ниту кристал, туку претставува фосилна смола од праисториските дрвја кои растеле пред 50 милиони години, пред сè, во Скандинавија и околу Балтичкото Море. Најценет и со најголем квалитет е балтичкиот килибар.
Постојат и вештачки имитации на килибарот, но тие се изработени од пластични маси, немаат сертификат за потекло и оригиналност и секако ги немаат лековитите својства на природниот килибар.
Како да го препознаеме природниот килибар?
Природниот килибар е топол на допир и има електростатски својства кои со векови се употребувани во лековити цели. И на ниски температури, тој е топол. Необичната моќ на килибарот е да донира негативни јони кои влијаат на јакнење на имунитетот и намалување на болката. Килибарот ги активира лековитите процеси и обезбедува заштита од штетни зрачења.
Што се килибарните ѓерданчиња за бебиња и за што служат?
Килибарните ѓерданчиња се рачно изработени од мали овални килибарни бисерчиња и може да бидат во разни бои во зависност од периодот во кој настанале. Квалитетот на природниот балтички килибар е ист, се разликуваат само по бојата, а може да бидат и мултиколорни-шарени кои се и најпопуларни. Во себе содржат килибарна (сукцинатна) киселина, чие лековито дејство го докажал Нобеловецот Роберт Кох. Сукцинатната киселина учествува во голем број метаболички процеси и има благотворно дејство врз целиот организам, а нема негативно дејство.
Во допир со човечката кожа настанува ослободување на лековити масла кои им помагаат на бебињата за лесно никнување на запчиња. Килибарот има и слабо аналгетско дејство, со што на природен начин се отстрануваат симптомите кои се јавуваат при никнување на запчиња: висока температура, болни и отечени непца, црвенило…
Килибарните ѓерданчиња се традиционално европско помагало кое со векови се користи во Европа, но и во Царска Русија каде било задолжително неговото носење како од кралските бебиња, така и за нивните дадилки, поради неговото благотворно дејство врз имунитетот, како и за заштита од штетни зрачења.
Иако запчињата растат до втората година, никогаш не е доцна за носење на килибарно ѓерданче кое претставува и преубав моден додаток. Постојат и специјални килибарни ѓердани за мајки кои ја зголемуваат лактацијата, како и за жени кои даваат аристократски шмек и при тоа благотворно дејствуваат на целиот организам како и на жлездите и хормоните-особено тироидната жлезда.
Препорачливи се за бебиња постари од 3 месеци и препорака од производителот е да се вадат навечер пред спиење, како и да не се остава бебето без надзор.
Поради богатиот енергетски потенцијал кој во себе го носи килибарот, потребно е еднаш месечно да се измие килибарното ѓерданче под млаз вода и да се стави на сонце околу половина час за да може килибарот да апсорбира енергија. Вистинскиот природен килибар под дејство на сончевата топлина ќе омекне, но пак ќе ја врати својата првобитна состојба.
КИЛИБАРНОТО ЃЕРДАНЧЕ Е ПРЕКРАСЕН ПОДАРОК, а неизоставен дел од производите кои треба да се купат кај едно новороденче освен килибарното ѓерданче се и термофорчето против грчеви кое ја олеснува на природен начин појавата на грчеви, како и најпродаваниот во свет аспиратор за нос со цевче. Доколку се појави секрет во носот на бебето, кое сè уште не е способно само да го отстрани, тоа може да го направите вие со лесно вшмукување, кое може да се повтори и повеќе пати во текот на денот.
Во природата, смолата се користи од страна на самото дрво, како природен антибиотик или заштита од инфекција или повреда. Со векови се користи како природен лек за намалување на болката, брзо исцелување и за зајакнување на имунолошкиот систем на телото. Килибарот е во центарот на голем број научни студии кои јасно покажуваат дека неговите терапевтски својства се многу значајни.
Во моментов постојат две различни размислувања за тоа зошто допирот на килибар на кожата може да има смирувачки ефекти и на возрасните и на децата. Според едната теорија, кога се носи килибар на кожата, топлината на кожата ослободува минимални количини на лековити масла од килибар кои потоа се апсорбираат преку кожата во крвотокот.
Хипокрит (460-377 п.н.е) таткото на медицината, ги опишал лековитите својства и примена на килибарот кои подоцна се користеле од страна научниците до средниот век.
Во стариот Рим килибарот се употребувал како лек од различни болести. Калистратус, познат лекар од тоа време, во своите записи напишал дека килибарот штити од лудило, дека килибарната прашина измешана со мед го лекува грлото, ушите и очите, а ако се испие со вода лекува болести на желудникот.
Римскиот правник и природонаучник Плиниј Помладиот пишува дека римските жени носеле килибарни ѓердани не само за украсување туку и како лек за “отечени жлезди и воспаление на грлото и непцата”.
Персискиот научник Ибн Сина (Авицена) го сметал килибарот за лек од многу болести. За лекување најмногу се користел бел килибар, а највреден се сметал зеленожолтиот како и тој со заробени инсекти. Во Кина “килибарниот сируп” – смеса од килибарна киселина со опиум се користел за смирување и како антиспазам. Највреден килибар за јапонските цареви бил црвениот кој стимулирал регенерација на крвта и прочистување.
По раѓањето на Исус, килибарот се користел во црквите. Се оставал да гори во просториите каде се лекувале болни за да се дезинфицира воздухот, да се намали можноста од зарази и да се забрза оздравувањето.
Во средниот век килибарните ѓердани се носеле заради лекување на жолтица и се верувало дека волшебните својства на овој камен можат да го апсорбираат сето нездраво жолтило на кожата на болниот и да го зајакнат болното тело. Килибарните алки ја намалувале болката во зглобовите и мускулите. Термините Oleum succini (килибарно масло), Balsamum succini (килибарен балзам), Extractum succini (килибарен екстракт), често се користени во евиденциите и рецептите на алхемичарите во тоа време.
Килибарниот екстракт се користел за зајакнување на ослабениот организам на болниот, за подмачкување на рани и модрици. Маслото се користело за триење на болните делови на телото итн.
Прускиот војвода Албрехт следејќи ги рецептите на римските лекари, му испратил парче килибар на германскиот монах Мартин Лутер кој страдал од камен во бубрегот.
Пред Втората Светска Војна килибарот често е користен за лекување па се сметало на пример дека тинктура од парче килибар измешана со вотка ја зголемува сексуалната потентност кај мажите. Во Литванија и царска Русија доилките морале да носат килибарни ѓердани за да се заштитат самите и бебињата од болести. Пред Втората Светска Војна особено во Германија, килибарните ќерданчиња многу се користеле за олеснување на бебето кога ги вади првите заби.
Добитникот на Нобелова награда, Роберт Кох, докажал дека килибарната киселина има многу позитивно влијание врз човековото тело.
Денес се смета дека килибарот може да не заштити од негативните влијанија на електричните апарати, како компјутери, телевизори, мобилни телефони и микробранови печки. Уште позачудувачки факт за килибарот е хемиското својство на смолата да дејствува како природен реагенс за балсамирање (сушење со анти-микробиолошки особини). Античките Египќани всушност користеле борова смола за балсамирање, а лекарите во војна, без било што друго, понекогаш ставале смола на раната како средство за дезинфекција.
Популарноста на килибарот се повеќе расте. Неговите состојки се користат во медицината, како адитиви во исхраната и во козметичката индустрија.