Горан Тасковски: УСТАВ ЗА МАЈТАП ИЛИ ЗА ПОЧИТ?!!!

Зошто македонскиот народ толку лесно прифаќа да биде дворски шут за сите власти во Македонија до сега?Ако УСТАВОТ е врвот по кој се раководи, организира и практикува држава, тогаш не може ниеден донесен закон, ниедно правило, ниедна желба, на било кој, да биде над истиот.

По која логика над 30 години сите не лажат, сите се прават ултра неуки, неписмени, дека не се одавде, особено сега, кога се работи за партиски договори за да се добие или да се остане на власт, однесувајќи се како да нема устав кој регулира се во државата – АНАРХИЈА.
Како најосновно, во партиите сите се фалат дека има експерти за се, ако е тоа така, како може да се донесе во собрание неуставен закон, кој кога секса, дали мислат од партиите дека ние Македонците живееме во џунгли и пештери.
Толку е се јасно и недвосмислено, каде пишува во уставот дека во Македонија има на цела територија друг службен јазик во употреба, со друго писмо, освен македонскиот јазик и кирилицата!?
Каде пишува во уставот дека има друго знаме, друг грб, друга химна кои можат да се употребуваат официјално и неофицијално низ целата држава?
Уставот јасно дефинира се, каде, кога, зошто, а сега уставниот суд по не знам по кој пат ќе прашува страна институција – ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА, за употребата на јазиците, тогаш зошто воопшто имаме УСТАВЕН СУД, дали се неписмени и зошто дозволуваат да бидат деградирани дека ништо не знаат.
Не играјте со трпението, се е јасно и наскоро ќе биде уште појасно, преземете веднаш акции за отстранување на веењето на туѓи знамиња низ државата, бидете власт и свирете ја македонската химна секаде низ државата, укинете се што е против уставно, ви се смее светот и вас како власт и на нас како Македонци, бранете ги македонските корени, симболи, историјата, достоинството, почитувајте ги сите жртви кои паднаа низ историјата за Македонија, за да сега вие уживате во удобните фотељи со 78% повисоки плати.
Власта да преземе конкретни мерки за почитување на уставот, во спротивно тоа значи селективност и ставање во преден план на личните потреби, потребите на коалицијата или на ГЛОБАЛИСТИТЕ.
МАКEДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ВЕРУВА ВО ОНАА ВЛАСТ КОЈА ГО ПОЧИТУВА, БРАНИ И СЕ СПРОТИВСТАВУВА НА ПОНИЖУВАЧКИТЕ ПОЈАВИ, БЕЗУСЛОВНО И БЕЗ КОМПРОМИС.
Ако сите се бориме и сме против насилството, тогаш власта нека покаже на дело дека се бори против и психичкото насилство врз македонскиот народ.
СУВЕРЕНИЗМОТ ЕДИНСТВЕНИОТ СПАС ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
Горан Тасковски
Spread the love

Leave a Reply

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial