Во недела, Спас за Прилеп и Сина Револуција во акција за пошумување кај Прилепец
„Не биди трупец, засади дрво“ е наречена акцијата за пошумување кај селото Прилепец во близина на манастирот Свети Никола во организација на неформалната еко – група „Спас за Прилеп“ препознатлива по граѓанските иницијативи и протести против рударски коп кај Оревоец и Каракамен, прилепско, во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес „Сина Револуција“.
Според повикот на социјалната мрежа ФБ акцијата ќе се одржи в недела, на 10.11.2024 од 10 часот.Покрај прилепчани ќе учествуваат и гости, екологисти, вљубеници во природата од други градови на Македонија, најави организаторот.
Идејата е иницијативата да прерасне во семакедонска акција која би се спроведувала со сите градови од Македонија.
Учесниците може да понесат садници, или само да помогнат со својата работа.
Почитувани, Сакаме да Ве известиме дека на ден Недела 10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот иницијативата Спас за Прилеп во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијаетес Сина Револуција ќе организираат акција за пошумување која се одржува во село Прилепец, манастир Св. Никола. Оваа акција ќе има семакедонски карактер и би сакале да стани традиционална која во иднина ќе се одржува и во другите градови во Македонија. Ќе имаме гости исто така од различни градови од Македонија. Отворено ве покануваме сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон оваа благородна акција да ни се приклучат во Недела. Можите да ни се приклучите како со своето физичко присуство и дружење така и со донации на садници или друг вид на поддршка. Однапред Ви благодариме и ве очекуваме во Недела. П.С. Оние кое сакаат да учествуваат во пошумувањето да понесат со себе лопата или дурија.